ЕКСПРЕСНА РЕАКЦИЈА НА ТРАМП Бајден ја уништува нацијата и ја дели Америка

Актуелниот претседател го искористи моето име денеска за да се обиде дополнително да ја подели Америка, рече поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

703

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп експресно реагираше на говорот на актуелниот претседател Џо Бајден, по повод првата годишнина од насилниот упад на разулавената толпа во Капитол Хил, при што го обвини за „уништување на нацијата“.

– Актуелниот претседател го искористи моето име денеска за да се обиде дополнително да ја подели Америка – рече Трамп.






Тој ги повтори наводите за изборни измами.

– Медиумските соучесници тоа го нарекуваат голема лага, а големата лага всушност беа самите избори. Демократите сакаат да го имаат овој ден, 6 јануари, за да можат да ги подгреат стравовите и да ја поделат Америка – додаде Трамп.

Поврзани содржини