БЕБЕ СЕ РОДИ И ВО КОВИД-ЦЕНТАРОТ Мајката се лекува од ковид-19

Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри, рече Филипче.

569

Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава.

Филипче потенцираше се родени уште две бебиња, едно во 00:02 часот, додека другото бебе во 5 часот наутро е родено во ковид-центарот, на мајка која е позитивна на коронавирусот.






– Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш после полноќ, а во втората уште едно бебе е породено. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно. Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри – рече Филипче.

Директорката на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска рече дека сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид-центарот.

– По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца породени после полноќ се добри вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид центарот. Исто така и мајката е добра спонтано породена инабрзо ќе замине дома. Двете бебиња коишто се родени едното во 0 часо ти една минута е машко, второто е женско бебе во 0 и 2 минути. Првото е спонтано породено, второто е со царски рез. И мајките и бебињата се добри. Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија па ќе можеме слободно да живееме – рече Јовановска.

Министерот Филипче информира дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациетни, од кои 11 се примени заради состојба на алкохолизираност.

– После соодветниот третман сите се добри – рече Филипче.

Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти ко се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 60 пациенти со КОВИД, 40 од нив се на кислородна поддршка.

Поврзани содржини