КРАДЕЛ ВО АПТЕКА И ВО ТРИ ПРОДАВНИЦИ, ПА ПРИЗНАЛ Скопјанец „оперирал“ во строгиот центар на градот
Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (28.12.2021), полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје.
Тој се сомничи дека во текот на денот извршил четири кривични дела „тешка кражба“, и тоа едната во аптека и три продажни објекти на ул. „Орце Николов“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и на Плоштад „Македонија“, од кои едната била во обид, при што одзел разни предмети и пари.
Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.