СТРУМИЦО МОЈА, СЛУШНИ МЕ Костадинов ќе дава 10 денари за секој кубик природен гас
Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро. Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко. Од срце за Струмица, објави Костадинов на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, со емотивен Фејсбук-статус најави дека планира да ги субвенционира со 10 денари од кубен метар семејствата кои ќе одлучат да инсталираат природен гас за да се згреат, а со цел да го реши огромното загадување на овој македонски град.
„Струмицо моја, слушни ме. Јас како поединец сам нема да го решам загадувањето на воздухот. Денеска предложив и Советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата. На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција. Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро. Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко. Од срце за Струмица“, објави Костадинов на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Струмица одамна се соочува со загадување на воздухот, а вчера беше вброена во неколкуте градови кои и зимава имаат ниво на ПМ10 честички поголемо од дозволеното.