ЗАРАЗЕНИОТ СО ОМИКРОН НОСЕЛ МАСКА ВО АВИОНОТ Филипче вели дека нема потреба од карантин за патниците
Според барањето на авиопревозниот, сите (луѓе) носеле КН95 маски, голем дел од населението е вакцинирано, според барањата за влез во земјата. Во таа смисла овој пациент е со многу лесна клиничка слика и се наоѓа во домашни услови, рече Филипче.
Нема потреба да се изолираат патниците од авионот кои патувале заедно со Британецот кај кој беше забележан првиот случај со омикрон-сојот во Македонија, бидејќи човекот носел КН95 маска и е со лесна клиничка слика, изјави на „Канал 5“ министерот за здравство во заминување, Венко Филипче.
– Според барањето на авиопревозниот, сите (луѓе) носеле КН95 маски, голем дел од населението е вакцинирано, според барањата за влез во земјата. Во таа смисла овој пациент е со многу лесна клиничка слика и се наоѓа во домашни услови – рече Филипче и додаде:
– Носителот на новиот сој е во добра здравствена состојба. Нема да има карантин за патниците во авионот.
Министерот во заминување смета дека во моментов не постои ризик за влошување на епидемиолошката состојба во земјата.