ВОЛКОВО СО УЛТРАМОДЕРНА ГРАДИНКА, КУЧКОВО ДОБИВА „ЕКО УЧИЛНИЦА“ Македонските архитекти размислуваат поинаку

Градинката е во завршна прва фаза, додека во втората фаза во иднина, се планира изведба на кровна градина. Истовремено, во соседно Кучково се планира отворање на „Еко училница“ со сличен современ амфитеатрален изглед каде што учениците ќе можат да се рекреираат, објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

774

Кружната и невообичаена, а ултрамодерна „Градинка во Волково“ денеска ја доби големата годишна награда за архитектура на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) за 2021 година. Авторот Филип Конески и м-р Даница Спасевска и м-р Анета Мартулкова од неговиот тим денеска имаа чест да го примат признанието лично од претседателот Стево Пендаровски во Музејот на Град Скопје. Во исто време, во соседно Кучково, веќе се најавува „еко-училница“ со сличен полукружен концепт.

фото: МИА





– Несомнено секој архитект се соочува со предизвикот да направи дело коешто ќе му пркоси на забот на времето и ќе ја има во себе претпоставката дека е градба по мерка на човекот. Македонските архитекти често се соочуваат и со дополнителни предизвици – со барањата на инвеститорите, со апетитите на урбаната мафија или, како што имавме ситуација во време на едноумието, а и до пред некоја година, да треба да задоволуваат небулозни идеолошко-политички барања. Згора на тоа, ја имаат и природната обврска да ја чуваат и усовршуваат македонската традиционална архитектура, изјави Претседателот Пендаровски при доделувањето на наградата.

Градинката е во завршна прва фаза, додека во втората фаза во иднина, се планира изведба на кровна градина. Истовремено, во соседно Кучково се планира отворање на „Еко училница“ со сличен современ амфитеатрален изглед каде што учениците ќе можат да се рекреираат, објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

„Потпишавме договор со Министерство за Финансии за изведба на проектот за партерно уредување на локалитетот КРСТ во с.Кучково-фаза 1 (Еко Училница) и „Набавка на Комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните општински средини“, напиша Стојкоски на Фејсбук.

Се работи за простор од 5.456 м2 во село Куково кој ќе биде партерно и хортикултурно уреден.

Поврзани содржини