ИМ ГО РАСИПАВМЕ ФИЛМОТ НА СДСМ И ДУИ Хоџа вели дека сценариото било како тоа со Алијанса во 2017
Во вашите дебатни емисии, тука кај Вас, Мендух Тачи истакна дека коалициските партнери ја гледаат Беса во иднината. Се сеќавате кога тој кажуваше дека Беса ќе излезе од Влада, нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе нè замени? Ова се зборови на Мендух Тачи – посочи Хоџа.
Во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостин беше генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа кој зборуваше за неколку актуелни теми.
– Мене ми е добро што им го расипавме филмот на коалициските партнери. Сега се враќам во ретроспектива што всушност се случи. Една поговорка вели „што има во домот, кажуваат децата“. Во вашите дебатни емисии, тука кај Вас, Мендух Тачи истакна дека коалициските партнери ја гледаат Беса во иднината. Се сеќавате кога тој кажуваше дека Беса ќе излезе од Влада, нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе нè замени? Ова се зборови на Мендух Тачи – посочи Хоџа.
Тој додава дека многу му е драго што им го расипале филмот на Мендух Тачи, Али Ахмети и Зоран Заев.
– Ова бидејќи филмот не беше нешто ново, надвор од сценариото што им се случи на Алијанса за Албанците во 2017-та – посочи Хоџа.
На прашање на модераторот за тоа дали ги избркал од Влада Артан Груби, Хоџа вели дека тој нема сила за тоа.
– Артан Груби нема сила да не избрка од Влада. Движењето Беса им ги расипа сите математики и на Артан Груби, и на ДУИ, и на СДСМ – рече Хоџа.