ЗАПЛЕНЕТ АВТОБУС СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ Превозникот возел на релација Скопје-Истанбул

На наплатната станица Миладиновци полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, потврдија од МВР.

1,231

Од Министерството за внатрешни работи ја информираа јавноста дека денеска на наплатната станица кај с. Миладиновци, бил запленет автобус откако полицајците се посомневале во веродостојноста на регистарскиот и шасискиот број.

– Денеска (19.12.2021) околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија. Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување. Во тек е документирање на случајот, за кој  следуваат соодветни поднесоци – објавија од МВР.






Засега не е информирано од која транспортна компанија бил автобусот.

Поврзани содржини