СО 12 ПОЕНИ ОД АЛБАНИЈА МАКЕДОНИЈА СТИГНА НА ДЕВЕТТО МЕСТО Дајте музика ги оправда очекувањата на детската Евровизија
Во процесот на гласањето, македонските претставници на евросонгот добија најмногу поени од Албанија(12), што беше доволно за да се освои пласман во првиот дел од учесничката табела. Македонското жири најмногу бодови им додели на претставниците на Русија.
Музичката група Дајте музика се претстави со нумерата „Green forces“ на најновото издание на детскиот избор на најдобрата песна на Евровизија, освојувајќи го деветтото место.
Во процесот на гласањето, македонските претставници на евросонгот добија најмногу поени од Албанија(12), што беше доволно за да се освои пласман во првиот дел од учесничката табела. Македонското жири најмногу бодови им додели на претставниците на Русија.
Првото место го освои претставникот на Ерменија, со нумерата „Малена“.