ЌЕ ЗАГИНАТ МНОГУ РУСКИ ВОЈНИЦИ Украинскиот министер му испрати порака на Путин
Шефот на украинската дипломатија изјави дека работи со сојузниците, како САД и Велика Британија, за начините како да се одбрани од Кремљ, но јасно стави до знаење дека украинската армија е подготвена да ја брани земјата.
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба денеска изјави дека многу руски војници ќе загинат доколку Русија изврши инвазија на неговата земја.
-САД и нивните сојузници можат економски да ја нападнат Русија. Ние ќе се бориме на земја. Жал ми е што го кажувам ова, но ќе има многу убиени руски војници. Се надеваме дека претседателот Путин не сака тоа да се случи – рече Кулеба за време на неговата официјална посета на Велика Британија.
Шефот на украинската дипломатија изјави дека работи со сојузниците, како САД и Велика Британија, за начините како да се одбрани од Кремљ, но јасно стави до знаење дека украинската армија е подготвена да ја брани земјата.
-Ние, заедно со нашите партнери, треба да ја направиме ситуацијата таква што цената за Путин ќе биде неподнослива – рече Кулеба.