УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ! Алек Болдвин изнервиран полетал накај новинарот (ВИДЕО)
Новинарот на „Њујорк пост“ го начекал актерот пред куќата на Вуди Ален и почнал да му поставува прашања за трагедијата што се случи на снимањето на филмот „Рѓа“.
Холивудскиот актер Алек Болдвин бил снимен во понеделникот вечерта пред куќата на режисерот Вуди Ален во Менхетен, Њујорк, каде вербално се судрил со Џон Левин, новинар на „Њујорк пост“.
„Господине Болдвин, што ве носи во Њујорк?“, го прашал репортерот на холивудскиот актер, на што сопругата на Алек, Хиларија, го замолила да си замине. Кога новинарот одбил, Болдвин видно изнервиран се свртел и се стрчал кон него.
„Не смеете да фотографирате пред нечија приватна куќа!“, извикал Болдвин, гестикулирајќи со раката во која го држел чадорот и обидувајќи се да го турне Левин назад на тротоарот.
Хиларија, очигледно загрижена дека расправијата може да прерасне во физичка пресметка, го фатила сопругот и го задржала на место, додека тој конечно не се свртел и не се вратил на влезната врата од куќата на Ален.
„Но, ова не е… Ова е јавна сопственост!“, возвратил Левин, додека Хиларија постојано му велела: „Оди си, престани!“. Притоа таа енергично мафтала со мобилниот телефон со кој најверојатно го снимала новинарот, пишува „Дејли мејл“.
„Дали навистина не го повлековте чкрапалото? Дали верувате дека пиштолот пукал без да го повлечете чкрапалото? Дали навистина беше дефект?“, Левин не престанувал со прашањата за несреќата на сетот на „Рѓа“, во која Болдвин случајно ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисер Џоел Соуза.
Но, Болдвин не му одговорил, ја повикал Хиларија и влегле во куќата.
NEW … I ran into Alec Baldwin on the Upper East Side pic.twitter.com/8pG5Vpshw2
— Jon Levine (@LevineJonathan) December 7, 2021