ДЕНАРОТ Е СТАБИЛЕН, НИШТО НЕ Е ПРОМЕНЕТО Народна банка демантира дека вредноста на еврото надминала 62 денари
Нема објаснување што е причината за падот на македонската национална валута. Денарот има фиксен девизен курс и НБРМ неговата вредност ја одржува со помош на средства од девизните резерви.
Погрешни се информациите дека е покачен курсот на еврото. Во објавите кај дел од медиумите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите, соопшти вечерва Народна банка, откако дел од медиумите објавија оти вредноста на еврото надминала 62 денари.
„Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани. Во ова може секој да се увери доколку ја посети веб-страницата на Народната банка, каде секој ден се објавуваат овие податоци https://www.nbrm.mk/kursna_