Зошто се распаѓа Македонија?

Дали затоа што 30 години се распаѓа систематски, законито и предвидливо, преку темелни ревизии на Уставот, направени под непримерен притисок, во услови на конфликти, закани и уцени, пазарења и поткупи, за туѓи интереси?

3,100

Зошто Македонија не е суверена и просперитетна, праведна и демократска, граѓанска држава и држава со углед и за почит? Дали затоа што 30 години се распаѓа систематски, законито и предвидливо, преку темелни ревизии на Уставот, направени под непримерен притисок, во услови на конфликти, закани и уцени, пазарења и поткупи, за туѓи интереси?

Дали затоа што нема свој национален државен консензус и не си го штити сопствениот интерес? Дали затоа што не си ги цени своите граѓани, нивната благосостојба, здравје и живот? Дали затоа што тоне во безредие, во беззаконие, во хаос, во ентропија, во апсурд, суицидално, лишена од елементарно достоинство, без визија, без перспектива, приврзана патолошки за нереални цели и сомнителни вредности, за псевдо интеграции, за ноторни илузии и очигледни геостратешки стапици?






(ФБ статус на авторката)

Поврзани содржини