ОД ЧЕТВОРИЦА СО АМБИЦИЈА ДА ГО НАСЛЕДАТ ЗАЕВ Прифатени се три кандидатури

1,297

Централната изборна комисија на СДСМ прифатила три, од четирите доставени кандидатури за претседател на партијата, рече денеска пратеничката Славјанка Петровска.

– Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа – одговори Петровска на новинарско прашање до каде е постапката за верификација на поднесените кандидатури, дали денеска комисијата ги разгледуваше и донесе одлука.






Отфрлената кандидатурата е на Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од Куманово, кој не го исполнил условот од статутот, според кој најмалку еднаш треба да бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Доставени беа четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ од Димитар Ковачевски кој е  заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, од Јован Деспотовски, кој е директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони и од Алексовски.

Рокот за доставување на кандидатури истече вчера, а вонредните избори ќе се одржат на 12 декември.

 

Поврзани содржини