ВЛАДАТА БАРА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗНА СОСТОЈБА ДА ТРАЕ УШТЕ 6 МЕСЕЦИ Пратениците треба да оценат дали е во право

Според владата, предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија.

191

Кризна состојба во снабдување со електрична енергија од дополнители 6 месеци ќе побара Владата од Собранието, инофрмира прес службата на Владата.

Текстот на предлог одлуката за продолжување на кризната состојба Владата го усовила на денешната седница. Како причина за тоа е недостигот на електрична енергија и состојбата на пазарите со струја.






„Со оваа Предлог-одлука му се предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните 6 месеци, односно до 9 јуни 2022 година“, се вели во информацијата.

Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија.

Поврзани содржини