СРЕДБАТА ЗАЕВ-ГАШИ ТРАЕШЕ ЧЕТИРИ ЧАСА Алтернатива е сè поблизу до влез во Владата ВИДЕО
Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт, се наведува во соопштението од Владата.
На четичасовната средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во Клубот на пратеници, вечерва била постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата, соопшти владината служба за информирање.
„Соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните. На тој начин ќе се обезбедат и најдобри решенија за најголемите актуелни предизвици како што се ковид-19 пандемијата и глобалната енергетска криза. Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт“, се наведува во соопштението.
Во наредните днови ќе продолжат консултации во партиите, по што ќе следи и нова работна средба помеѓу премиерот Заев и претседателот на Алтернатива, Гаши со нивните тимови.
Гаши и Заев по завршување на средбата не дадоа изјава за медиумите, а Заев само кратко кажа дека имаат заклучоци и тие ќе бидат споделени од владината прес-служба.
– Имавме конкструктивна средба. Имаме заклучоци. Прес-службата на Владата ќе ги сподели сите информации – изјави кратко Заев по завршувањето на средбата.
Тој на средбата со Гаши беше придружуван од Ковачевски, а лидерот на Алтернатива од партискиот генерален секретар Беким Сали.
Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако пред десет дена тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.