КОВИД-СТАТИСТИКАТА И НАТАМУ ЗАГРИЖУВА 442 нови заразени, 10 починати
Бројот на активни случаи изнесува 8.339 и е во пораст.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 од Скопје (57, 78 години) и по едно починато лице од Делчево (83), Кочани (77) и Крива Паланка (84). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65 до 86, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 373 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 8.339.