РОДНИНИТЕ ВО ОЧАЈ Ниту од агенцијата, ниту од властите не кажуваат ништо

Тие дури ги однесоа луѓето на турата, непрекинато им се јавуваа, праќаа мејлови, пишуваа на интернет. Сега ги нема збор да кажат – вели роднина на патникот Бакиу пред седиштето на агенцијата.

821

Роднина на патник кој патувал преку Беса Транс реагира дека немаат никакви информации од одговорните лица во агенцијата, за несреќата дознале од Фејсбук

Енес Бакиу (41) од Скопје, кој бил во еден од четирите автобуси на Беса Транс, ниту се јавува, ниту пишува, вели неговиот братучед.






– За несреќата видов сабајле во 6 часот на интернет. Братучед ми Енес Бакиу патуваше со оваа тура за Истанбул. Но тој ниту се јавува, ниту пишува на телефон. Апелирам до надлежните институции да споделат информација, како што споделија дека има повредени. Во Беса Транс вртиме нонстоп, но никој, ама никој не крева со часови. Тие дури ги однесоа луѓето на турата, непрекинато им се јавуваа, праќаа мејлови, пишуваа на интернет. Сега ги нема збор да кажат – вели роднина на патникот Бакиу пред седиштето на агенцијата.

Роднината рече дека неговиот братучед на оваа тура заминал сам.

Поврзани содржини