15.000 АНТИВАКСЕРИ ПРОТЕСТИРАА ВО ЗАГРЕБ Вакцина не постои оти не се знае што е дефиницијата за вакцина

На протестот, според хрватските медиуми, се собраа 15.000 луѓе кои побараа укинување на задолжителните ковид сертификати кои во Хрватска се на сила во здравствениот сектор и во јавните и државните институции.

699

Во Загреб се одржа масовен протест против ковид сертификатите за вакцинален статус и епидемиолошките мерки за превенција од ковид-19.

На протестот, според хрватските медиуми, се собраа 15.000 луѓе кои побараа укинување на задолжителните ковид сертификати кои во Хрватска се на сила во здравствениот сектор и во јавните и државните институции.






За време на протестот сите говорници секој на свој начин се залагаа за некои теории на заговор поврзани со вакцинацијата.

-Ќе изградиме нова заедница втемелена на љубов. Главите горе и ќе победиме – рече познатата хрватска антиваксерка и лекарка Лидија Гајски.

Се обрати и свештеникот фра Лазар Перица кој се повика на Бог и божјите закони.

-Нѐ викаат антиваксери. Прво, вакцина не постои оти не се знае што е дефиниција за вакцина. Имате слободна волја, ама ова е прашање на достоинство. Живејте и умрете како луѓе – рече свештеникот.

За време на протестот не толку мирољубивите антиваксери како што велат за себе нападнаа и новинари, јави РТЛ чијшто вработен беше мета на удари.

Поврзани содржини