ВО ЕК НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Со законски промени ЛДП и ДОМ ќе бараат регулирање на „копањето“ криптовалути
Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство на криптовалути за лично богатење на поединци, велат од партиите.
Коалициските партнери ЛДП и ДОМ преку нивните пратеници во собранието ќе предложат законски измени за регулирање на производството на криптовалути.
– Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство на криптовалути за лично богатење на поединци – велат од партиите.
Според нив, бидејќи криптовалутите се прогласени за неприфатливи за животната средина и затоа дополнително ќе бараат и законска регулација бидејќи употребата на струја од фосилни горива како што е случајот во моментот ја загадува животната средина.
– Ќе ја консултираме стручната фела и најдоцна за една недела ќе побараме регулација и ќе доставиме законски измени – дополнуваат од ЛДП и ДОМ.