3 ЖРТВИ ВО ПОЖАР ВО КОВИД ОДДЕЛЕНИЕ ВО БОЛНИЦА ВО БУГАРИЈА Запалена цигара е причина за пожарот

Болните од ковид се преместени во други одделенија во болницата во Сливен.

258

Во пожар што се случи ноќеска во ковид одделението во болницата во бугарскиот град Сливен загинаа тројца пациенти.

Пожарот, како што изјави директорот на болницата Пенко Пенков бил предзвикан од запалена цигара.






– Почнал веројатно со запалка, пушел цигара еден од пациентите, концентрацијата на кислород во собата била голема, собата била затворена, избувнал пожар – изјави Пенков за бугарската телевизија Нова.

Нема повредени медицински лица и пациенти од другите соби во болницата.

Болните од ковид се преместени во други одделенија во болницата во Сливен.

Поврзани содржини