МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЗАГУБИЈА ОД ФРАНЦИЈА Завршниот натпревар за пласман на Европското првенство им е со Албанија

Победникот беше решен уште во првите 25. минути. Аблине во 14. минута донесе предност за Французите, а конечните 2-0 ги постави Вирџиниус во 25. минута.

303

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби попладнево од Франција со 2-0 и го претрпе вториот пораз на квалификацискот турнир во Албанија за пласман на Европското првенство.

Франција ја забележа втората победа на турнирот во Елбасан во овие квалификации и сосема очекувано успеа да избори пласман во Елитната фаза.






Победникот беше решен уште во првите 25. минути. Аблине во 14. минута донесе предност за Французите, а конечните 2-0 ги постави Вирџиниус во 25. минута.

По неуспехот во воведното коло против Србија, македонските фудбалери со два порази влегуваат во завршниот натпревар од квалификациите во Елбасан, против домаќинот Албанија на 16 ноември.

Поврзани содржини