ПАНДАА МАСКИТЕ, РЕЖИМОТ Е ДЕЛЕГИТИМИРАН Реакција на Алијанса за Албанците

Но, овој режим нема да опстане и покрај секоја акробација што ја прават!, порачува Алијанса за Албанците во партиското соопштение.

1,192
Денеска беше денoт кога паднаа сите маски, кога сегашниот режим се самопотврди, кога сите сведочевме и сведочиме кои сме и за што сме. Денеска конечно беше делегитимиран хибридниот режим СДСМ-ДУИ, додека сега нема законитост со само 59 гласа и пратеник кој  уште е во мистериозни околности, реагира Алијанса за Албанците.





„Денеска се потврди дека граѓаните и опозицијата имаа право кога инсистираа на рушење на овој режим кој  се повикува во ЕУ со антиевропски механизми. Овој режим денес докажа на кој начин останува на власт, со притисоци, закани и уцени! Но, овој режим нема да опстане и покрај секоја акробација што ја прават!“, порачува Алијанса за Албанците во партиското соопштение.
Поврзани содржини