ВЛАСТА ИМА 59 ПРАТЕНИЦИ Ние си заминуваме, нека го ослободат Реџепи пред полноќ, порача Николоски
Ние имаме 60 пратеници, а 59 има СДСМ и ДУИ и еден киднапиран пратеник на кој што му посакувам сè најдобро и се надевам дека наскоро ќе биде ослободен, вели Николоски.
Власта нема легитимитет, нема ни бројки во Собранието и единствен начин да се надмине ова се брзи предвремени избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговорајќи на новинарско прашање вечерва пред Собранието.
Николоски истакна дека ова е неодржливо, власта од денес има 59 пратеници, тоа е јасно, а 60 пратеници имаат ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и партнерите.
– Ние имаме 60 пратеници, а 59 има СДСМ и ДУИ и еден киднапиран пратеник на кој што му посакувам сè најдобро и се надевам дека наскоро ќе биде ослободен. Веројатно ќе го ослободат по 12 часот на полноќ кога ќе помине рокот за гласање. Или ќе го ослободат порано затоа што еве ние заминуваме, така што нема потреба да го држат – рече Николоски.