АНТИВАКСЕРИТЕ САМИ ДА СИ ПЛАТАТ ЗА ЗДРАВСТВО Сингапур со нови мерки за тие што одбиваат вакцина
Во Сингапур, за разлика од кај нас, здравствениот систем е скоро целосно приватизиран, а државата му помага само со субвенции. Кога лани изби кризата, властите направија исклучок и решија целосно бесплатно лекување мислејќи дека така ќе добијат на време и логистика. Сепак, властите се премислија и со новиот проглас од оваа мерка ќе бидат изземени невакцинираните лица.
Сите што ќе одбијат вакцина или одбиле во минатото, а им треба болничка грижа и нега затоа што заболеле од коронавирус ќе мора сами да си платат за услугата, одлучија властите во Сингапур. Овој потег ги подели експертите во земјата, но властите се правдаат за одлуката велејќи дека невакцинираните пациенти имаат „екстремно влијание врз болничкиот простор“, пишува ИФЛ Наука.
Можно ли е да се спроведе вакво нешто во Македонија? Во Сингапур, за разлика од кај нас, здравствениот систем е скоро целосно приватизиран, а државата му помага само со субвенции. Кога лани изби кризата, властите направија исклучок и решија целосно бесплатно лекување мислејќи дека така ќе добијат на време и логистика. Сепак, властите се премислија и со новиот проглас од оваа мерка ќе бидат изземени невакцинираните лица.
„Невакцинираните лица сочинуваат значително мнозинство од оние на кои им е потребна интензивна болничка нега и несразмерно придонесуваат за оптоварување на нашите здравствени ресурси“, соопшти Министерството за здравство на прес-конференција.
Битно да се спомене е дека оваа објава ги погодува само лицата кои се подобни за вакцинација кои ќе одлучат да ја одбијат вакцината, така што децата под 12 години и лицата што се медицински ослободени од вакцина сè уште ќе бидат опфатени.

Ова не е првпат болниците и владите да воведат ограничувања против антиваксери во последниве месеци. Бидејќи болниците постојатно се преплавуваат, здравствените власти во американската држава Колорадо, на пример, решија да не им прават трансплантации на органи на оние кои се одлучиле да не ја примат вакцината.
Според нивната логика, бидејќи органи за трансплантирање има малку, само околу 1 на 5 луѓе на кои им е потребна трансплантација, тие треба да одат кај оние кои најдобро се штитат себеси и грижата што ја добиле. Многу луѓе потоа ги критикуваа и прашаа дали истото ќе се прави за луѓето со прекумерна тежина кои имаат срцеви заболувања или пушачите со рак на белите дробови, со еден збор, луѓе со тешки болести на кои некогаш докторите им препорачуваат да не ја примат вакцината.
Заедно со Колорадо, една болница во Арканзас направи слична мерка. Тие, исто така, веруваат во правото да се одземе целата медицинска нега, а не само вакцината и затоа сега имаат формулар во кој се вели дека ако се заколнете дека не ја сакате вакцината ковид-19 од религиозни причини, ќе ги изгубите и сите лекови против коронавирус вклучувајќи ги Тајленол и Судафед. А, верувајте, страдањето од ковид-19 без нив не е пријатно искуство.