РЕЏЕПИ ГО ПРИФАТИ ПРЕДИЗВИКОТ НА МИЦЕВСКИ Ќе гласа против Владата

Мицевски денеска преку Фејсбук му понуди на Реџепи да поднесат нова иницијатива за изгласување недоверба на владата на која тој би се потпишал заедно со уште 19 пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

1,239

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи за Сител телевизија потврди дека го прифаќа предизвикот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој вели дека начелно прифаќа, преку нова иницијатива за гласање доверба на Владата каде нема да биде Левица, да гласа против Владата.






– Начелно, предизвикот од Мицевски да направиме нов список за разрешување на Владата без Левица, јас го прифаќам, одлуката ќе ја донесеме заеднички како тесно претседателство во текот на утрешниот ден – истакна Реџепи.

Мицевски денеска преку Фејсбук му понуди на Реџепи да поднесат нова иницијатива за изгласување недоверба на владата на која тој би се потпишал заедно со уште 19 пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ“, напиша Мицевски на Фејсбук.

Инаку, седницата за гласање доверба на Владата е закажана за в четврток во 11 часот.

Поврзани содржини