ЦЕЛА ГЕРМАНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА Позитивни на ковид-19 се четворица фудбалери
Позитивен тест на ковид-19 имал фудбалерот Никлас Суле, а наводно позитивни на коронавирусот се уште тројца репрезентативци.
Селекторот на германската репрезентација Ханс Дитер Флик морал да го откаже последниот тренинг поради тоа што постои можност повеќе фудбалери да бидат заразени со коронавирусот, објавија германските медиуми.
Како што досега е познато, позитивен тест на ковид-19 имал фудбалерот Никлас Суле, а наводно позитивни на коронавирусот се уште тројца репрезентативци. Најверојатно станува збор за Џамал Мусиала, Карим-Давид Адијеми и Лерој Сане.
Репрезентацијата на Германија веќе го обезбеди првото место во групата кое води директно на Светското првенство, а на два натпревара до крајот од квалификациите, оваа селекција има 8 бодови повеќе од второпласираната Романија.
Во истата група е и репрезентацијата на Маекедонија која ќе се обиде да победи на натпреварите против Ерменија и против Исланд, но за да се пласира во втората фаза, потребно е Романија да не победи во преостанатите два натпревара.