АЛИЈАНСА, АЛТЕРНАТИВА И БЕСА ИМААТ ИСТОРИСКА ШАНСА Апасиев повикува да ја стават ДУИ во опозиција
ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они максимум 9. Затоа, памет у глава, емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политиката е шах, објави лидерот на Левица.
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва на Фејсбук ги повика албанските партии да размислат како ќе гласаат в четврток на седницата на Собранието за доверба на владата.
„Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они – максимум 9. Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политиката е шах, објави лидерот на Левица.