ЗАЕВ ДЕНЕСКА ЌЕ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Таравари смета дека тоа ќе го забрза процесот на формирање нова влада
Заев на 31 октомври вечерта најави дека ќе поднесе оставка и во партијата и од премиерската функција. Се надевам дека оставката ќе биде процесирана и нема да има потреба од гласање доверба на владата. Според некои информации, денеска Заев сам ќе даде оставка, така што ова ги олеснува процедурите за почеток на преговори за формирање нова влада, изјави Таравари.
Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата за Албанците, тврди дека опозициските партии во парламентот преговараат и со пратеници на владејачките СДСМ и ДУИ за изгласување недоверба на актуелната влада. Разговорите со овие пратеници, како што вели, биле на нивна иницијатива.
– Заев на 31 октомври вечерта најави дека ќе поднесе оставка и во партијата и од премиерската функција. Се надевам дека оставката ќе биде процесирана и нема да има потреба од гласање доверба на владата. Според некои информации, денеска Заев сам ќе даде оставка, така што ова ги олеснува процедурите за почеток на преговори за формирање нова влада – изјави Таравари.
Од Алијансата на Албанците веќе ја најавија поддршката за новото парламентарно мнозинство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ.