Џо Егзотик објави дека му е дијагностициран агресивен рак на простатата.
Џо, ѕвездата на документарецот на „Нетфликс“ – „Tiger King“ ја потврдил веста во писмото коешто на Си-ен-ен му го доставил неговиот адвокат Џон М. Филипс.
„Лекарите денес ми повикаа да ми кажат дека по биопсијата на простатата ми е дијагностициран агресиен облик на ракот. Уште ги чекам резултатите од другите тестови. Во моментот не сакам ничие сожалување“, навел Џо во писмото, пренесува Си-ен-ен.
Адвокатот Филипс за странските медиуми изјави дека Егзотик се лекувал поради голем број здравствени проблеми, но дека во затворот медицинската нега е сосема поинаква и има помалку опции.
Егзотик откри дека боледува од рак уште во мај, но чекал официјална дијагноза. Кон крајот на август, тој за странските медиуми изјави дека се сомнева дека ракот му се проширил, но одбил да се лекува. Странските медиуми потоа ја пренесоа неговата изјава дека е „подготвен да умре“.
Да потсетиме, Џо Егзотик, вистинското име Џо Малдонадо-Пасаж, отслужува 22-годишна затворска казна за злоставување на животни и учество во нарачување убиство. „Дејли мејл“ пишува дека тој наводно убивал и нелегално продавал мртви тигри.
Тој престојува во затвор поради планирање на убиството на поранешната партнерка Керол Баскин.