ОВА СУМ ЈАС, ПИЈАНА ВО 8 НАУТРO Скандалозна исповед и фотографија на славната пејачка (ФОТО)
Џесика Симпсон открила дека од сексапилна пејачка, актерка, преку горда мајка на три деца, станала зависничка.
Пејачката Џесика Симпсон (41) признала неодамна во својата книга дека била зависничка од алкохол.
Открила дека од сексапилна пејачка, актерка, преку горда мајка на три деца, станала зависничка.
– Сипав вотка веднаш штом ќе се разбудев. Еднаш мојот татко почувствува дека мирисам на алкохол на детската училишна претстава, а јас се срамам да признаам дека не ни знам кој им ги облекол костимите на децата тој ден – признала пејачката во книгата.
Некогаш една од најсексапилните жени во светот Џесика Симпсон ја објавила фотографијата на Инстаграм за да одбележи четири години трезвеност и да проговори за својот процес на одвикнување.
View this post on Instagram
Фотографијата е направена на 1 ноември 2017 година, а Симпсон рекла дека тој ден знаела дека треба да престане да пие алкохол, бидејќи се чувствувала исцрпено.
„Оваа личност рано наутро на 1 ноември 2017 година е непрепознатлива верзија од мене. Имав многу да истражувам за себе и да дознаам. Знаев дека во овој момент ќе си дозволам да си го вратам телото, да покажам победа над својата внатрешна борба и да го охрабрам овој свет со продорна јасност“, напишала Џесика.
View this post on Instagram
FOTO: INSTAGARM/JESSICASIMPSONSTYLE