ПРЕПОРАКА ОД ВЛАДАТА ДО СПОРТСКИТЕ КАНАЛИ Воведете коментирање на македонски и на албански јазик

475

Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територија на државата најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа препорака е донесена на денешната 117-та седница на Владата.






Препораката е врз основа на Извештајот на работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на С Македонија.

Поврзани содржини