ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ХРВАТСКА Вирусот е надвор од контрола, здравството пред колапс
„Ако вака продолжи, ќе имаме повеќе од 1.000 смртни случаи за еден месец. Имате слободно ширење на вирусот кај популација со над 25 отсто позитивни, што значи дека веќе никој не е безбеден. Дури ни луѓето кои се вакцинирани“, рече Џикиќ.
Хрватскиот научник Иван Џикиќ денеска ја коментираше моменталната епидемиолошка состојба во таа земја. Тој вели дека во Хрватска има 40 смртни случаи во еден ден и дека тоа е „огромна“ бројка.
„Ако вака продолжи, ќе имаме повеќе од 1.000 смртни случаи за еден месец. Имате слободно ширење на вирусот кај популација со над 25 отсто позитивни, што значи дека веќе никој не е безбеден. Дури ни луѓето кои се вакцинирани“, рече Џикиќ.
Откако ќе ја пренатрупате болницата, тогаш веќе не можете да го понудите она што треба“, додава тој.
Хрватскиот научник се осврна и на построги мерки во борбата против коронавирусот.
„Секогаш е иста приказна. Да бидеме практични. Секој одговорен експерт ќе каже дека треба да се намали контактот на луѓето во затворени простории. Недозволиво е луѓето да не носат маски во супермаркетите, а да не дозволуваме децата да одат на училиште. неопходно е да се вакцинираат децата на возраст од 12 до 15 години“, рече тој.
Џикиќ вели дека кога ја воделе кампањата рекле дека треба да имаме 47 отсто од целата популација вакцинирани возрасни граѓани.
Треба да ги активираме сите потенцијали, од уметност до спорт, за овие луѓе да покажат кои се вредностите на вакцинираните, рече тој.
Хрватскиот научник посочува дека проблем е доколку граѓаните се информираат преку Интернет, каде најголем дел пишувале луѓе кои седат во фотелји.
„Доколку се воведат акутни мерки за носење маска и растојание, овој четврти бран ќе падне. Ако не се преземе ништо, овој бран ќе се прошири. Епидемијата е надвор од контрола“, предупреди тој.
Хрватското здружение на болнички лекари упати драматичен апел, предупредувајќи на можноста од колапс на здравствениот систем.
Претседателката на ХУБОЛ, Ивана Шмит, вели дека ја следат бројката на позитивни пациенти кои надминуваат 4.000, а уделот од 30 отсто од позитивните покажува дека епидемијата е надвор од контрола.
Споредено со ноември минатата година, со 3.500 позитивни, за еден месец имавме колапс на здравствениот систем.