РУСКИ ПОЛИТИЧАР Е ПРОГЛАСЕН ЗА ФЕНОМЕН Примил шест вакцини против ковид-19

По неколку месеци од првите две дози, нивото на антитела му се намалило и лекарите му препорачале трета доза „Спутник лајт“.

426

Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски објави дека досега примил вкупно шест дози вакцини против коронавирусот.

– Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против коронавирус. Првата доза „Спутник“ ја примив на почетокот на септември 2020 година – изјави Жириновски, нагласувајќи дека досега примил шест дози против ковид 19.






По неколку месеци од првите две дози, нивото на антитела му се намалило и лекарите му препорачале трета доза „Спутник лајт“.

– Тогаш мојот лекар ми препорача да го зголемам ефектот со спреј-вакцина за во нос, исто така и од „Спутник“ – вели политичарот натаму.

Потоа, на крајот на летото 2021 година, тој примил и две дози од вакцината „Ковивак“.

Поврзани содржини