ИМА ЕДНА ДОБРА И ДВЕ ЛОШИ ВЕСТ Бибер смета дека оставката на Заев се должи на грешките на СДСМ
Бибер, исто така, оценува дека оставката на Заев се должи на сопствените грешки на СДСМ.
Политичкиот аналитичар Флоријан Бибер, по синоќешната оставка на премиерот Зоран Заев на двете позиции, оценува дека во тоа има една добра и две лоши вести.
– Добрата вест е да се даде оставка без да се има потреба за тоа, претставува редок чекор на политичка храброст и покажува дека преземањето политичка одговорност е можно. Лошата вест е дека опозицијата е нереконструирана, националистичка и про-Орбан – смета Бибер.
Бибер, исто така, оценува дека оставката на Заев се должи на сопствените грешки на СДСМ.
„Причините за ваквата ситуација со оставката на Заев од челната позиција на СДСМ и од премиерската функција, се во застојот во реформскиот процес и лошо водената кампања, но и поради неуспехот на Европската Унија да испорача почеток на преговори поради бугарската блокада“, напиша Бибер на Твитер.
Според него, исто така, нема јасен наследник на премиерската позиција и не се знае дали тој ќе може да креира моментум за ре-старт на сериозен реформски процес.