ВМРО-ДПМНЕ ОСТВАРИ УБЕДЛИВА ПОБЕДА Николовски вели дека е потврден добриот резултат од првиот круг
Николовски вели дека од ВМРО-ДПМНЕ се целосно сигурни во објавените информации од теренот.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, вели дека партијата што ја претставува се наоѓа пред апсолутна победа на локалните избори.
– Вториот круг само ја потврди победата од првиот круг. Убедливо водиме во Скопје, Охрид, Битола, Радовиш, во Карпош води нашиот коалиционен партнер, се надеваме на триумф во Кочани, во Брвеница, Василево и во Ново село – вели потпретседателот на најголемата опозициска партија во Македонија.
Николовски вели дека од ВМРО-ДПМНЕ се целосно сигурни во објавените информации од теренот.
Тој се осврна и на изборните нерегуларности, за кои смета дека фрлиле дамка на гласањето.
– Тоа што го видовме вчера се најлошо организирани локални избори досега. Полицијата и параполицијата правеа невиден притисок врз гласачите – додаде Николовски.