ИСТЕПАН ПАРТИСКИ НАБЉУДУВАЧ ВО БОЈАНЕ Активисти на владеачки партии не му дозволиле да присуствува на изборно место

Набљудувачот бил од опозициска албанска партија.

575

Се подготвува ли полнење на кутии во општина Сарај пред завршувањето на гласањето од вториот круг од локалните избори?!

Во село Бојане, општина Сарај бил истепан набљудувач на опозициска албанска партија од активисти на двете најголеми владејачки партии, дознава КУРИР.






Според изворите на порталот, во Бојане е прикинато гласањето.

За инцидентот од МВР велат дека околу 16 часот било пријавено дека на избирачко место во с.Бојане, Сарај набљудувач Р.Д. сакал да влезе на избирачко место, но тоа не му било дозволено од избирачкиот одбор, односно бил спречен од членови на избирачкиот одбор да присуствува на гласачкото место. Гласањето не е прекинато.

Полициски службеници се упатени на местото на настанот за расчистување на случајот.

Поврзани содржини