НОВА МЕТОДА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МОЗОЧНО КРВАВЕЊЕ Неврохирургија изврши успешна операција

„Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба и на Клиниката за Неврохирургија, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода“, наведува министерот за здравство.

539

На Универзитетската клиника за Неврохирургија е воведена нова метода во лекување на лекување на пациенти со мозочно крвавење, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на „Фејсбук“.

„Утрово на УК за Неврохирургија, воведовме нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење. Операцијата ја направивме со новиот иновативен уред-дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност“, посочи Филипче.






фото: МИА

Овој систем, како што наведува тој, веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји во светот како САД, Германија, Португалија и Холандија.

„Од денеска овој иновативен уред се става во континуирана употреба и на Клиниката за Неврохирургија, а ние сме единствена земја во Југоисточна Европа каде ќе се врши оваа метода“, наведува министерот за здравство.

Во операцијата, како што посочува, на Филипче му асистирале неговите колеги неврохирурзи д-р Владимир Рендевски, директор на Клиниката и д-р Благој Шунтов.

Поврзани содржини