МБАПЕ ФАТИЛ ИНФЕКЦИЈА, МЕСИ ГО БОЛАТ МУСКУЛИТЕ Проблеми за ПСЖ во пресрет на дербито со Лил

ПСЖ дефинитивно на натпреварот в сабота ќе биде без услугите на Килијан Мбапе, кој има инфекција на увото, грлото и носот, и според најавите од клубот на теренот ќе се врати идната недела.

648

Актуелниот лидер ПСЖ со проблеми во играчкиот кадар го дочекува викендов бранителот на титулата Лил во дерби натпреварот од 12 коло во француското првенство.

ПСЖ дефинитивно на натпреварот в сабота ќе биде без услугите на Килијан Мбапе, кој има инфекција на увото, грлото и носот, и според најавите од клубот на теренот ќе се врати идната недела.






Со екипата денеска не тренираше ниту Лионел Меси, кој има проблеми со болки во мускулите и неговиот настап против Лил е неизвесен.

– Од внимателност донесовме одлука да не тренира. Дали Меси ќе игра против Лил не знаеме, за тоа ќе одлучиме на самиот ден на натпреварот – изјави тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино.

Поврзани содржини