СКОПСКИ МУАБЕТИ Шаќири ја поддржа Арсовска во вториот круг
Арсовска сподели фотографија од средбата на Фејсбук со коментар „скопски муабети“, алудирајќи дека ја добива поддршката од Шаќири во вториот круг.
Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје поддржана од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ААА, Данела Арсовска, се сретна со Арбен Шаќири, кој беше кандидат за градоначалник на коалицијата на владејачките ЛДП и ДОМ.
Арсовска сподели фотографија од средбата на Фејсбук со коментар „скопски муабети“, алудирајќи дека ја добива поддршката од Шаќири во вториот круг.
Шаќири во првиот круг освои 8.911 гласови. Тој рече дека нема да ги насочува гласачите како да гласаат, но порача дека тој нема да гласа за Шилегов.
Во предизборните дебати, Шаќири посочи дека Шилегов ги изневерил неговите очекувања дека ќе биде добар градоначалник. Шилегов, пак, го обвини Шаќири дека се кандидирал за градоначалник зашто не станал директор на МКЦ.