ПРОВЕРЕТЕ ГО ЗДРАВЈЕТО НА ВАШЕТО СРЦЕ Тест од 30 секунди за брза проверка на срцето

Со помош на оваа едноставна постапка за 30 секунди можете да го проверите здравјето на срцето. Потребен ви е само мијалник или голем сад со ладна вода.

3,191

Вашето срце може да чука дури и ако не е поврзано со вашето тело и тоа е она што го прави овој орган моќен. Срцето е еден од најважните органи, па затоа е многу важно да живеете здрав живот. Bright Side објави тест со кој можете да го проверите здравјето на своето срце во самo 30 секунди.

Првиот чекор е да го наполните мијалникот во ладна вода, а за уште подобри резултати размислете да додадете мраз во водата. Потоа ставете ги рацете во водата со коцки мраз и држете ги 30 секунди. Ова ќе ви покаже како вашата крв реагира кога ќе дојде во контакт со студот.






Може да добиете два резултати.

Ако прстите ви се црвени, тоа е добра вест. Тоа значи дека немате проблем со протокот на крв. Значи, вашето срце и крвотокот се здрави. Ако прстите ви стануваат бледи или посинуваат, веројатно имате проблем со циркулацијата на крвта.

Ова се случува кога имате ниски нивоа на кислород во вашите крвни клетки. Во овој случај, обидете се да ги загреете или да ги масирате за да ги вратите во нормала, а доколку тоа не се случи, посетете лекар.

Намирници кои можат да го подобрат здравјето на срцето

Храната која може да го подобри здравјето на вашето срце вклучува лук, кој го намалува крвниот притисок и ја ублажува вазоконстрикцијата. Темното чоколадо го нормализира крвниот притисок и се бори против воспаленија. Циметот се бори против срцеви заболувања и атеросклероза, а авокадото го намалува нивото на „лошиот“ холестерол и ги чисти артериите.

Фото: Bright Side

 

Поврзани содржини