ПРОТЕСТИ ПО ВОЕНИОТ ПУЧ ВО СУДАН Светот го осудува неуставното дејствување на војската

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во синоќешниот телефонски разговор со суданската министерка за надворешни работи Маријам Садик ал-Махди го осуди военото преземање на власта во земјата и апсењето на цивилни лидери.

288

Суданските безбедносни сили уапсија тројца познати личности од продемократското движење, изјавија нивни роднини, додека притисокот врз војската расте по пучот.

Демонстрациите против воениот удар извршен во понеделникот продолжија во Картум и други градови, а многу компании не работат бидејќи одговорија на повиците за штрајк.






Како што пренесуваат странските агенции, превратот се заканува да ја загрози транзицијата на Судан кон демократијата, која започна во 2019 година по соборувањето на долгогодишниот автократски лидер Омар Ал-Башир, по народниот бунт.

Групи од десетици или стотици демонстранти поставија барикади на главните патишта.

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 140 се ранети во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили од понеделникот.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во синоќешниот телефонски разговор со суданската министерка за надворешни работи Маријам Садик ал-Махди го осуди военото преземање на власта во земјата и апсењето на цивилни лидери.

-Блинкен разговараше за поддршката на Вашингтон за граѓанска транзиција во согласност со суданската уставна декларација – изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

Светската банка ја суспендираше помошта за Судан по државниот удар во земјата, а САД ја замрзнаа помошта од 700 милиони долари.

Африканската унија (АУ), исто така, го суспендираше Судан поради „неуставното“ преземање на власта од страна на војската.

 

Поврзани содржини