ГРУЕВСКИ БИ МОЖЕЛ ДА СЕ ВРАТИ ДОМА СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ Противникот на Орбан најавува екстрадиција на македонскиот експремиер ако победи на изборите
Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат идната пролет, а според последните анкети, рејтингот на здружената опозиција, чиј предводник е Марки-Заи, е изедначен со рејтингот на Орбан.
Македонскиот експремиер Никола Груевски ќе биде екстрадиран во Македонија доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан биде поразен на парламентарните избори што ќе се одржат следната година во Унгарија.
Ова го најави Питер Марки-Заи, кој е главен политички противник на актуелниот унгарски премиер, а кој рече дека ќе има екстрадиција на Груевски и на јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа доколку успее да го симне Орбан од премиерската функција.
Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат идната пролет, а според последните анкети, рејтингот на здружената опозиција, чиј предводник е Марки-Заи, е изедначен со рејтингот на Орбан.