ПРВИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ПРИСТИГНАА ЗА САМО ШЕСТ МИНУТИ Град Скопје ја демантира опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Навистина е нехумано во вакви моменти да се собираат ситни политички поени кога скопските пожарникари го ризикуваат животот во гаснење на пожарот, реагираше Град Скопје преку соопштение.
На денешниот пожар што се случи во близина на Градскиот парк првото противпожарно возило пристигна за шест минути од Карпош, а веднаш потоа и уште 5 противпожарни возила, со две цистерни од Комунална хигена. Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари коишто пожарот го ставија под контрола. Нивната брза реакција не дозволи да има жртви или повредени, туку само материјална штета, реагираше Град Скопје по обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека на пожарникарите им биле потребни 40 минути за да пристигнат на местото на настанот.
„Навистина е нехумано во вакви моменти да се собираат ситни политички поени кога скопските пожарникари го ризикуваат животот во гаснење на пожарот. Скопските пожарникари досега многупати ја докажаа својата професионалност и пожртвуваност, а ваквите обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ никому не прават добро, туку напротив, само покажува непочит кон скопските херои“, реагира Град Скопје преку соопштение.