ГРАЃАНИТЕ ГИ ПРЕПОЗНАА ПАРАПОЛИЦИСКИТЕ СТРУКТУРИ НА СДСМ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека народот точно знае кој е насилник

Народот точно знае кој е насилник и што се неговите права без разлика од притисоците, следењата, заканите за тепање, технички прегледи, укинување на социјална помош или бркање од работа од јавните комунални претпријатија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

538

СДСМ не може поинаку освен да шири лаги и конструкции додека во јавноста излегуваат докази за насилство и терор против политички неистомисленици, а за таа цел злоупотребувајќи ја полициската униформа за своите криминални структури, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„На граѓаните им е доста од теророт и мафијашките делувања на СДСМ. Граѓаните упатија јасна порака до параполициски и криминални структури на СДСМ. Никој повеќе не им се плаши. Лагите и конструкциите повеќе не минуваат. МВР чиј што дел беше и Славјанка Петровска мора да ги истражи сите околности за параполициската партиска структура, наместо да шири конструкции и лаги. За почеток Славјанка Петровска нека даде одговор за нападот врз новинарска екипа во Прилеп. Петровска нека одговори за полициските функционери кои што следеле опозициски, тогаш кандидат за градоначалник. Петровска нека одговори за пораките на партиски поставени високи полициски функционери коишто гласат ’Убиј го‘. Измислените конструкции на СДСМ и Петровска не може да ги покријат подмитувањата притисоците, насилствата“, наведено е во соопштението.






Народот точно знае кој е насилник и што се неговите права без разлика од притисоците, следењата, заканите за тепање, технички прегледи, укинување на социјална помош или бркање од работа од јавните комунални претпријатија, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот точно знае и ја препознава вистината пред конструкциите за покривање на скандал. Партиските параполициски структури нема да поминат без одговорност и нема да бидат покриени со некој нов ’продолжен кабел‘. СДСМ како партија повеќе не може ништо да ветува, сè додека не може и себе да се заштити додека со неа управува мафијата во полициска униформа меѓународно позната трговија со дрога и давање идентитетска заштита на белосветски мафијаши“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини