ГОМНУШКАТА Е НОВИОТ БРЕНД НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Ендемската пастрмка е речиси истребена
Може да се пофалиме дека во Охридско Езеро уништивме ендемични видови риби како охридската пастрмка и белвица кои ги има само во Охридско Езеро и никаде на друго место во светот, што наместо да прерасне во риболовна атракција со единствен начин на риболов во светот за привлекување на туристи, ние сега ќе промовираме риболов на охридска гомнушка која ќе стане нов заштитен знак на езерото.
И ние 32000 регистрирани рекреативни риболовци со легитимации од Македонија може да се пофалиме од политичарите и тоа во светски размери. Додека многу светски лидери и градоначалници на најголемите светски метрополи во изборната кампања имаат рекламни спотови со рибарите ние можеме да се пофалиме дека имаме лидер на една политичка партија кој со години фрлаше мрежи на една акумулација во Македонија.
Жално но вистинито. Додека во светот за време на пандемијата сите големи ТУР оператори го промовираат алтернативниот туризам наспроти масовниот каде спаѓа ловниот и риболовниот туризам ние благодарение на рибарската политика немаме концесија на најголемото Охридско Езеро и не е дозволен риболов.
Ова допринесе десетина туристи кои се рекреираа на брегот на Охридско Езеро да заработат пријави од надлежните институции дека риболовот без дозволи (а нема од каде да извадат пошто нема концесија). Апсурдот е во тоа што нема ниту една пријава за познат сторител за рибокрадци на Охридско Езеро каде дневно илегално се фрлаат километри мрежи.
Шлагот на овие политики се измените на Законот за рибарство и аквакултура од пред некој месец со кои рибокрадците треба прво да се опоменат а потоа да се казнат. Имаме изработено рекламни спотови за развој на Риболовниот туризм за сите риболовни води во Македонија на повеќе јазици а за жал на многу риболовни ревири и рекреативни зони во Македонија нема концесија и не е дозволен риболов. Една од причините што нема концесионери е рибарската политика во Македонија односно начинот на доделување на концесија, најважно е колку проценти од издадените дозволи ќе дадеме на државата на лицитација, не е важно каква програма имате, колку ќе порибите, каква заштита на рибниот фонд имате во програмата, како ќе го развивате риболовниот туризам, и тука може да се пофалиме на Светско ниво имаме концесионери кои со 550% до 990% проценти од продадените дозволи ќе го полнат буџетот. Може да се пофалиме и дека сме единствени во Светот каде државата ни зема 30% од легитимации односно од чланарина на Здруженија на граѓани.
Во Македонија се појавија многу „зелени“ партии и никој не ги спомнува сепарациите и нивното „законско“ работење од кое сите рибари се незадоволни. Нивото на водата во сите акумулации преку цела година се под минималната кота и продолжуваат да се празнат (се празнеа и за да извезуваме електрична енергија во летниот период) иако имавме ветувања од политичарите дека нема повеќе да се спроведува таа енергетска политика.
Може да се пофалиме дека во Охридско Езеро уништивме ендемични видови риби како охридската пастрмка и белвица кои ги има само во Охридско Езеро и никаде на друго место во светот, што наместо да прерасне во риболовна атракција со единствен начин на риболов во светот за привлекување на туристи, ние сега ќе промовираме риболов на охридска гомнушка која ќе стане нов заштитен знак на езерото.
Успеавме да уништиме зимовници кои опстојувале со милиони години како блатото и каналот Студенчишта во Охрид каде дневно во зимскиот период се рекреираа околу 1000 рекреативни риболовци од цел Балкан. Наместо каналот да се врзе со канали со блатото кои се негови бели дробови и каде се мрестеа сите краповидни видови риби ние го урбанизираме (бетонизираме). Не веруваме веќе дека ќе ни помогнат ни забелешките на Унеско затоа што состојбата на лице место 100% се разликува од препораките.
Немаме порибување со подмладок на пастрмка и јагула со години (државата треба да се грижи за заштита и унапредување на рибниот фонд кога нема концесија). За жал може да се пофалиме дека риболовот на нашето најголемо езеро се сведе на риболов на каналче како во во некои африкански земји а и таму не е дозволен рекреативен риболов. Еколошки партии во Македонија заштитете го рибниот фонд во Македонија ако не можете формирајте Рибарска полиција која ќе не заштити и нас и рибниот фонд. Здруженија за заштита на животна средина милион европски пари зедовте за заштита на животна средина и ништо нема од нив конкретно за заштита на рибниот фонд на Охридско езеро и Јадранскиот слив. Македонска (крем) елита тргнете ги глисерите од каналот Студенчишта бар во зимскиот период за да влезе рибата во најголемиот зимовник на Балканот. Локални и политичари во централната власт изградете марина кај Сатеска каде ќе можат да се укотвуваат и пловни објекти од Струга, каде има аеродром и не мора да го блокирате градот за странски гости, имате и бензиски пумпи на таа локација и место за сув док за поправка на пловни објекти, недај боже да има хаварија на езерото му треба 80 годни да ја обнови водата на тој дел струењата се секогаш према Црн Дрим како единствен истек на езерото. Оставете го каналот и блатото, марина може да изградите секаде а блато неможете и затоа треба да го заштитите. Природата односно езерото си го бара блатото како природни негови бели дробови и тоа се докажува секогаш кога ќе има висок водостој. Направете туристичка атракција Акварим Музеј каде сите видови риби а и целиот жив свет на Охридско езеро туристите ќе можат да го видат во природна средина и изложбена поставка како се ловело риба од праисторија до сега .
Каналот прогласете го како природно заштитено подрачје нека добие третман како изворите во Свети Наум нека пловат копии од стари чунови со весла како туристичка атракција а не да биде отпад за бродови. Јавни претпријатија пуштете вода да тече на Бињанини Извори не му ја одземајте таа артерија на каналот. Туристите ни се смеат, какви се овие прочуени Биљанини Извори без вода.
Не го уништувајте Денот на рибарите дајте му рибарски обележја, овој ден за жал прерасна во социјално хуманитарен настан на бесплатно дељење на рибја чорба од охридска морска риба. Крајно е време кое е поминато да направите нешто за нас 32000 рекреативни риболовци од кои секоја година се активни 15000 другите не вадат дозвола од горе наведените причини.
Матно не е Бистро!
Радован Димитриевски од Здружение рибарски приказни.