МАКЕДОНИЈА СО НАД 7.000 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС На трето место сме по смртност во светот
Првак по смртност во светот е Перу, на второто место е Босна и Херцеговина, па Македонија на третото, а четвртото и петтото место им припаднаа на Унгарија и на Црна Гора.
Со вчерашните регистрирани 14 починати лицa, бројката на умрени од коронавирусот во Македонија надмина 7.000 лица.
До денеска се регистрирани 7.019 починати од коронавирус од почетокот на пандемијата.
Македонија е на третото место од вкупно 223 земји и територии во светот според бројот на починати од почетокот на пандемијата со коронавирусот, сметано на милион жители.
Како што може да се забележи на табелата на „WorldMeter“, во земјава се заведени 3.139 смртни случаи на милион жители, односно вкупно 6.539 загубени човечки животи од почетокот на пандемијата.
Првак по смртност во светот е Перу, на второто место е Босна и Херцеговина, па Македонија на третото, а четвртото и петтото место им припаднаа на Унгарија и на Црна Гора.