29 – НОВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА НА ЈСП Ќе ги поврзува Жданец и Трнодол со Карпош3

Автобусите ќе се движат по улиците Жданец, па до влезот на Трнодол, па по улицата Козле, булевар 8 Септември, булевар Партизански одреди до крајната станица во Карпош 3 и обратно, по истата траса.

833

Од понеделник ќе почне да функционира автобуската линија 29 која ќе сообраќа од Жданец, па преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно, информи Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

Како што е соопштено, линијата ја барале жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот.






Оттаму додаваат и дека тое е и предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, во рамки на проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје.

Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица Жданец, а во Карпош 3 на улица МАНАПО, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“.

Автобусите ќе се движат по улиците Жданец, па до влезот на Трнодол, па по улицата Козле, булевар 8 Септември, булевар Партизански одреди до крајната станица во Карпош 3 и обратно, по истата траса.

Ќе се користат  утврдени постојки на трасата, а возилата ќе сообраќаат по следниот возен ред:

Од Жданец: 6 , 7 , 8 , 10, 12, 13 , 14 , 16  и 17 часот.

Од Карпош 3: 6.30 , 7.30 , 9, 11, 12.30 , 13.30 , 15 , 16.30  и 17.30 часот.

Поврзани содржини