ИМУНИЗИРАНИ СЕ 800.000 ГРАЃАНИ Има интерес и за трета доза

Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани.

267

Од Министерството за здравство информираа дека во текот на вчерашниот ден аплицирани биле вкупно 2.919 дози вакцини против ковид-19, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се за ревакцина, а 1.068 граѓани примиле трета доза на вакцина.

Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. Околу 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.






Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози од вакцината.

Поврзани содржини