РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ Во Хрватска се регистрирани 3.162 заболени во еден ден

Во Хрватска активни се 11.995 случаи од кои 939 се хоспитализирани, а 131 се на респиратор.

714

Во Хрватска во изминатите 24 часа регистрирани се 3.162 новозаболени лица од ковид-19 и 23 смртни случаи.

Последен пат беа регистрирани над 3.000 новоинфицирани во април. Изминатите две недели дневно беа забележани околу 2.000 нови случаи.






Во Хрватска активни се 11.995 случаи од кои 939 се хоспитализирани, а 131 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска регистрирани се 433.136 заразени и 8.951 смртни случаи.

Во Хрватска 52,08 проценти од возрасното население примиле две дози вакцина против ковид-19, а 46,20 отсто една доза.

Поврзани содржини